Следи нѐ
To Top

Синодот на БПЦ одлучи да ја биде мајка-црква на МПЦ

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

– Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска Православна Црква – Бугарска Патријаршија за своја Мајка-црква, БПЦ со чувство за својата света должност, ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред помесните православни цркви, преземјаќи се  што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ, се наведува во одлуката од Светиот синод на БПЦ по повод писмото кое МПЦ го упати на 9 ноември.

реклама

Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква.

Светиот синод на БПЦ одлучи да формира Синодска архиерејска комисија за преговори со МПЦ и останатите помесни православни цркви што ќе ја сочинуваат Старозагорскиот митрополит Кирпијан  како претседател и Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдискиот Николај, Западно и Средноевропскиот Антониј, Варненскиот Јован, Неврокопскиот Серафим, Русенскиот Наум и Врачанскиот Григориј. како членови на Комисијата.

Синодот на БПЦ денеска во полн состав го разгледал писмото од МПЦ, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.