

Кенсингтонската палата денеска преку соопштение испратено до медиумите ја информираше јавноста дека на пролет следната година ќе има уште една кралска свадба.
Имено, принцот Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36) се вериле изминатиот период, а свадбата ќе биде на пролет следната година.
Во соопштението, испратено од кабинетот на принцот Чарлс, се открива дека Хари и Меган се вериле на почетокот на месецот и дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета Втора и дека Хари добил одобрување од нејзините родители.
Принцот Хари (33) е петти во линијата на наследство на британскиот престол, по неговиот татко, принцот Чарлс, брат му, принцот Вилијам, внукот од брат му принц Џорџ и британската принцеза Шарлот.