//
Следи нѐ
To Top

Десет дестинации во Франција коишто вреди да се посетат

Доколку се одлучите да ја посетите Франција, има многу други знаменитости, освен Париз и Ајфеловата кула, кои треба да се разгледаат.

Ова се дел од тие локации.

реклама

1. Лил

Лил е историски град кој датира од 17. век и кој никако не треба да го заобиколите. Величенствените плоштади, автентичната архитектура и црквите едноставно воодушеват.

2. Монтженевр

За Француските Алпи секако не е потребно посебно претставување, но местото Монтженевр – не смее да се изостави. Природните пејзажи и скијачките центри ќе ве натераат да се почувствувате како во бајка.

3. Мон Сен Мишел

Како дел од светското наследство на УНЕСКО, областа Мон Сен Мишел на брегот на Долна Нормандија, е уште едно задолжително место за посета. Станува збор за каменест предел, кој поади портокаловите нијанси на зајдисонцето, изгледа како да извира од морето.

4. Бордо

Ове е винската престолнина на светот! Рај за љубителите на „нектарот на боговите“. Нашиот совет е да понесете и по некое шише вино дома со себе.

5. Авињон

Во Авињон можете да разгледате неверојатни вили и цркви од 17. век. Минете барем еден ден во Авињон и уживајте во кривулести улички и патеките со калдрма.

6. Луберон

Местото Луберон во Прованса е познато по живописните села, распослани низ целата област. Овде ќе ја видите рурална Франција, бројни винарии и уникатни пејзажи.

7. Шумата Фонтенбло

Сместена недалеку од Париз, шумата Фонтенбло е една од најсликовитите во цела Франција. Можете да пешачите или да планинарите, а потоа да му се вратите на парискиот луксуз и раскош.

8. Клисурата Вердон

Клисурата на истоимената река – Вердон, што се наоѓа близу Алпите, е нешто што мора да се види одблизу за да се доживее.

9. Версај

Кога ќе се спомене Версај, најчесто помислуваме на прочуената палата. Но, Версај е всушност целиот град околу неа. Ако сакате да ја истражите Франција вон Париз, Версај е „почетната станица“.

10. Оверн

Сместена вo централниот дел од Франција, областа Оверн често се занемарува на сметка на југот од земјата. Тука се проткаени спектакуларни вулкански пејзажи, изворна земјоделска традиција и специфичниот мирис на ораниците налето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 28, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 28, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 28, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: