Следи нѐ
To Top

И бол и бес…

Лутина и бес – основни емоции со кои растеме, зрееме и старееме, а разликата меѓу нив е што бесот поминува по неговата манифестација.

Кога сте повредени, бесот е здрава емоција за вас, но не и за вашата околина!

реклама

Колку лутината подолго се акумулира, толку експлозијата на бес кулминира. Непресметливоста во моментите на бес е последица на зададената болка која ја насочувате или кон себе си, или кон причината за таква болна емоција. Многу често се насочуваат кон најблиските и оние кои ни значат, заради нивното однесување или промените во однесувањето кои се неразбирливи за нас.

Чувството на бес дава лажно чувство на енергија која завршува со вербално, а не ретко и физичко препукување. После агресивна кавга енергијата е порамнета со нула, бесот ја смалува енергијата , но и болката, ако после конфликтот емоцијата бес преоѓа во чиста емоција. Интензивна болна емоција создава напнатост и ескалација на бесот при што неконтролирано можеме да кажеме или направиме нешто непоимливо за себе, после што се каеме.

Самоконтролата се учи уште во најраното детство, од семејството и средината што не опкружува, затоа за нашето однесување вината ја бараме во истите. Колоквијалната поделба на позитивни и негативни емоции значи и прикривање на негативните, одбегнување на нивната разврска и акумулирање на лутина.

Затоа е подобро во негативните емоции да препознаеме непријатност , така полесно ќе ги канализираме и ќе си олесниме пред да избие бесот како вулканска ерупција.

Во таа лава на агресија НИКОГАШ, ама буквално НИКОГАШ не смеат да бидат присутни децата, ваши или туѓи сеедно, оти агресијата создава агресија! Патем, во афективна состојба авторитетот се разобличува, станува карикатура на страв но без почит. Силата на авторитетот не се засилува со физичко или психичко наметнување на сопственото его.

Ако луѓето ви се плашат не значи дека ве почитуваат, особено не ако не знаете да го почитувате туѓото мислење. Мислејќи дека вашето неконтролирано исфрлање на гнев е оправдано и дека околината е преемотивна па се трауматизира, само ве оддалечува и трајно ги оштетува вашите односи со луѓето од вашата непосредна близина.

Експлозивно исфрлање на гнев во присуство на децата никако не е ваш авторитет или ваш “оправдан” афект, осудувајќи ги другите се оправдувате себе си создавајќи илузија за праведност, а тоа е невротичност која ги фрустрација вашите деца.

Воспитаноста знае да ” изброи до сто” , да користи еуфемизми, дипломатски да одбегне вербални конфликти и да го задржи нивото на стекнати цивилизациски вештини и манири. Не е доблест да ги истуриш негативните емоции било кому, а најмалку на оние кои те сакаат и почитуваат, (нивна болка е твоја болка и кругот на бол и бес нема да прекине) , но човечки е, затоа и простиво.

Лекот е во најсилната човечка емоција, ЉУБОВТА, посилна и од нагонот за живот, таа умее да се справи и со БОЛ И со БЕС

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Први мај – меѓународен ден на прасето!

    Први мај – меѓународен ден на прасето (скарата), пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата...

    Татјана Алексиќноември 28, 2017
  • Знаеме ли зошто се слават Младенци?

    Празникот Младенци се слави во знак на сеќавањето за 40 млади римски војници казнети поради примање на христијанската вера. реклама

    Татјана Алексиќноември 28, 2017
  • Стареење

    Староста почнува со честата реторика „ во мое време беше поинаку” (обично подобро) или со симптоматично читање некролози, а знае да...

    Татјана Алексиќноември 28, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.