Поврзи се со нас

Популарно.мк

Заев и Груевски на средба кај Иванов

Вести

Заев и Груевски на средба кај Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, беа актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.

– Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, стпи во соопштението.

Средбата се одржа по вчерашното приведување на 36 лица за насилставата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.