Следи нѐ
To Top

Со ПИН конференцијата започнува 19-то издание на фестивалот „Таксират“

Со повеќе од четириесетина музичари и групи, од 30-ти ноември до 2-ри декември ќе се одржи 19-то издание на фестивалот „Таксират“.

Првиот настан од „културната недела“ на Таксират и Десонанц е меѓународната ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал сo импресивна програма која Скопје, од 30-ти ноември до 2-ри декември, го претвора во збирно место на креативната енергија и музичкиот пркос на артистите и музичките професионалци од европската сцена.

реклама

Концертите и настапите во Младинскиот културен центар кои се дел од ПИН-фестивалот ќе бидат бесплатни за посетителите.

Поради тоа што Скопје остана без препознатливата Метрополис арена и Скопскиот саем, оваа година нема да има главна фестивалска вечер на Таксират.

На исчекор кон 20-то издание на ТАКСИРАТ, големото финале со кое ќе биде означен и почетокот на прославата во чест на „20 години алтернатива во Македонија“, нѐ очекува со концертот на пионерите на електронската музика, германскиот легендарен колектив KRAFTWERK чиј концерт со импозантното 3-D аудио-визуелно шоу ќе се одржи на 27-ми февруари, во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Организаторите велат- ова е единствен европски музички собир што Скопје го претставува на меѓународната сцена.

Покрај настапите на гости од Австрија, Турција, Србија, Хрватска и од Словенија, на „Таксират“ се приклучуваат и повеќе македонски бендови, како „Фолтин“, „Поган Паган“, „Културно Уметнички Работници“, „Баклава“, „Контакт 59“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.