Следи нѐ
To Top

ГЛОБАЛНА ПОРАКА НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕГЗИТ“: Излез е слободата!

По најобемната година во својата историја, „Егзит“ во следната подготвува уште поголем фестивалски потфат!

Фестивалското семејство сега брои дури пет членови во исто толку земји од регионот, а во план се и низа различни дополнителни случувања, во земјата, во регионот, но и на уште пар светски дестинации.

реклама

Централното место на собирање е светски познатата Петроварадинска тврдина каде што од 12-ти до 15-ти јули следната година ќе се одржи „Егзит“ фестивал. По „Егзит“ Летото на љубовта 2017, кое го потсети светот на темелните вредности на летото 1967. кога настана револуционерното хуманистичко „хипи“ движење кое засекогаш го промени светот, „Егзит“ во годината на своето „полнолетство“ ќе го прослави едно од најголемите тогашни достигнувања, а тоа е пред сѐ личната слобода.

„Егзит“ е еден од ретките музички фестивали кој е израснат од движењето за слобода и кој од своето основање има силна општествена мисија, а „EXIT Freedom“ е глобалниот повик на слобода од робувањето на материјализмот, стереотипите и колективните заблуди во кои денеска се наоѓа нашата цивилизација. Откако EXIT Summer of Love во 2017-та постави рекорд со четири фестивали, EXIT Freedom ќе биде досега најголемиот фестивалски потфат, не само во регионот, туку и пошироко, бидејќи во 2018-та ќе собере дури пет фестивали во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Хрватска и Србија.

Во вторник 12-ти декември, точно на пладне, стигнуваат и првите EXIT влезници по подарок цена од 3580 денари, што е заштеда од 60% во однос на нивниот финален износ!

Првите потврдени изведувачи за EXIT, но и за останатите фестивали во организација на EXIT тимот, како што се Festival84 на Јахорина, Sea Star во Умаг, Revolution во Темишвар и Sea Dance во Будва, ќе бидат објавени наскоро. Сите љубители на фестивалот можат да ги очекуваат некои од најактуелните изведувачи на светската музичка сцена во комбинација со проверените имиња, и тоа од најразлични музички жанрови по што EXIT е воедно познат на светската фестивалска сцена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.