Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УХМР: Се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен

Вести

УХМР: Се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен

Поради продор на влажна воздушна маса од југ и запад, во текот на ноќта времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Во другите делови ќе има послаби и локални врнежи од дожд.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, од радарскиот центар во Тополчани добиени се радарски слики на кои се забележува дека во моментов врнежи со голем интензитет се забележуваат во делови на Полог и територијата западно од Скопје.

– Поради можноста од продолжена појава на поројни врнежи во овие делови на Република Македонија, а и пошироко во западните и источните делови на државата, предупредуваме на внимателност поради можна појава на брзо растење на водните нивоа на помалите реки и суводолиците, соопшти УХМР.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.