Следи нѐ
To Top

Грејс Беј – најубава плажа во светот

Сокриена на Карибите, на островот Туркс и Каикос, со најчиста вода и најмек бел песок, се наоѓа плажата Грејс Беј. Според мислењето на експертите од областа на туризмот беше прогласена за најдобра плажа во светот.

Плажите се оценуваат врз основа на убавината, оддалеченоста, квалитетот на песокот и квалитетот на водата со оценка од еден до десет. Грејс Беј во трите категории беше оценета со десетка, додека за оддалеченоста беше наградена на осмо место.

реклама

– Туркс и Каикос е сон на сите љубители на плажите, изјави експертот за патувања, Фред Мавер.

– Многу брегови се простираат на 40 острови, само осум се населени. Навистина се неверојатни со блескав бел мек песок кој го допира тиркизниот океан, додаде тој.

Второ место го зазеде австралиската плажа Вајтхевен, додека за трета најубава во светот прогласена е Анце Лацио  на Сејшелите. Еве како изгледа списокот за најубавите десет плажи во светот:

1. Грејс Беј, Туркс и Каикос, Кариби

2. Вајтенхевен, Австралија

3. Ансе Лацио, Сејшели

4. Розова плажа, Бахами

5. Навагио, Грција

6. Баиа Бос оркос, Бразил

7. Парадисо, Мексико

8. Хајамс, Австралија

9. Скриена плажа, Мексико

10. Транк Беј, Девствени Острови

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.