Следи нѐ
To Top

Груевски најави оставка од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Курир најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата. Се надева дека тоа ќе помогне да се разреши актуелната политичка ситуација.

– Јас вечерта после првиот круг на изборите јасно кажав дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата, вели Груевски.

реклама

Партијата, како што посочува, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој ќе се избере претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски не прецизира кога ќе се одржи конгресот и за тоа, како што вели, ќе решат органите на партијата.

Прашан за притворањето на 36 лица, меѓу кои и шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за насилствата во Собранието од 27 април и за следните чекори, тој вели дека партијата и пратеничката група имаат секојдневни средби и заеднички ќе одлучат што ќе прават понатаму.

– Јасно е дека станува збор за конструкција од највисок ранг. Влегувањето во Парламентот и особено употребата на физичка сила беше грешка и јас бев прв политичар кој јавно, најпрвин преку социјалните мрежи повика на смирување, а потоа и на прес-конференција го осуди тоа. Од друга страна јасно е дека тоа беше реакција на акција, односно реакција на нелегалниот избор на претседател на парламентот, се чини намерно темпирана во време кога пред парламентот се одвиваа едночасовните протести на граѓаните, кои се до тој момент цели 60 дена беа мирни и без најмал инцидент. Луѓето, кои беа испровоцирани и кои влегоа веројатно мислеа дека со тоа ќе помогнат на државата, а всушност водени од емоции наседнаа на нечија стапица. Тие влегоа од патриотски побуди, наведува Груевски за Курир.

Целта на сето ова, според него, е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и да се исплаши народот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.