Следи нѐ
To Top

ЖЕНА НА ГОДИНАТА: Селена Гомез плачејќи ја прими наградата од магазинот „Билборд“ (ВИДЕО)

Поп пејачката Селена Гомез се расплака на доделувањето на наградата на магазинот „Билборд“ кој ја прогласи за жена на годината. Ретко може да се најде некој што своите искушенија и страдања ги користи за да ги направи другите луѓе посилни, се зборовите упатени од магазинот кон Гомез.

2017 е дефинитивно година која Селена долго ќе ја памети, не само поради нејзината нова музика и големата популарност на Инстаграм, туку и поради нејзината храбра борба по пресадувањето на бубрегот.

реклама

– Ретко може да се најде некој што своите искушенија и страдања ги користи за да ги направи другите луѓе посилни – беа зборовите со кои беше претставена Селена Гомез пред да ѝ биде врачено признанието „Жена на годината.

Селена одржа емотивен говор, откако ја прими наградата од актерката Ел Фенинг и ја посвети на својата другарка Франсија Раиса, која во септември ѝ донираше бубрег.

– „Мислам дека Франсија треба да ја добие оваа награда. Оваа година поминав низ тешки моменти и таа ми го спаси животот. Се чувствувам неверојатно среќна.“, изјави 25-годишната Гомез.

Селена Гомез веднаш заплака при примање на наградата, изјавувајќи дека Франција ѝ го спасила животот.

– „Се чувствувам неверојатно среќна. Искрено, не можам да бидам поблагодарна за позицијата што ми е дадена во мојата кариера… Посебно оваа година, сакам да се заблагодарам на мојот неверојатен тим и на моето семејство, затоа што беа со мене во навистина тешки времиња. Имав многу работи да завршам годинава.“ – дополнила пејачката.

Откако ѝ се заблагодари и на другарката, Селена додаде: „Не знам како некогаш ќе се оддолжам, но можеби следната година ќе направам култен албум“.

Во интервју за „Билборд“ таа открива дека прво не ѝ била пријатна лузната од трансплантацијата, но дека веќе не ѝ е никаков проблем.

– „Кога ќе го погледнам моето тело сега гледам само живот!“ – истакнала Гомез.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.