Следи нѐ
To Top

УХМР: Излевањето на Вардар во Скопје е заради градежните активности

Застојот на протокот на вода во центарот на Скопје е вештачки и се должи на градежните актовности во минор коритото, поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите, велат од УХМР, Сектор за хидрологија.

Оттаму посочуваат дека врнежите и топењето на снегот предизвикуваат брз истек на водите во водотеците и суводолиците и оти тие ги зголемиле водостоите на сите водотеци во земјата.

реклама

Особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележи на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец.

Од ЕЛЕМ информираат дека акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.

Според најавата на синоптичарите и понатаму се очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци во државата. Најголеми покачувања се очекуваат во западните, југозападните, северозападните делови од Република Македонија.

Според УХМР, на одредени критични места можна е појава на локални излевања кај помалите реки, но и кај реките Треска, Кичевска, Радика, Сатеска, Лепенец, горен тек на Вардар. (Јегуновце, Рашче, Скопје-Центар во делот од шеталиштето возводно од градбите).

Поради сето тоа од УХМР апелираат граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците и суводолиците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.