Поврзи се со нас

Популарно.мк

Европа ја очекува најстуден декември во последните седум години

Вести

Европа ја очекува најстуден декември во последните седум години

Најстудениот декември во последните седум години ќе го расипе просекот на една од најтоплите години во Европа досега, проценуваат светските метеоролози.

Првата половина од месецов ќе биде невообичаено студена, пред температурите малку да се зголемат и повторно да го достигнат нормалното ниво за овој период од годината.

– Времето во декември оваа година сепак може да биде најстуденото кое е досега забележано уште од 2010 година, поради студениот бран кој пристигнува од Исланд и северниот дел на Русија, а со помош на арктички ветрови ќе се прошири низ цел континент, истакна Тајлер Рос, метеоролог во компанијата „Акуведер“ во Пенсилванија.

Иако Европа е добро опремена со гас и струја за овој период од годината, во следниот период ќе биде на тестирање поради очекуваниот студ.

– Оваа година се заканува екстремна, дури и опасна зима во декември. Снег ќе паѓа во источниот дел на Европа со заладување, а ќе се прошири и кон централна Европа и можеби кон Велика Британија, смета аналитичарот Џо Далео и шеф на метеоролошкиот институт „Ведербел Аналитикс“.

Многу студено време, кое е најавено за овој месец, веќе ја зафати Европа, што може да се забележи според температурите најавени за Германија, кои според проценките уште денеска ќе бидат под нулата во споредба со десетгодишниот просек за овој период од годината во таа земја, кој изнесувал 3,4 степени Целзиусови. Минусни температури се очекуваат и во Чешка.

Најстудено, според експертите, во првата половина на декември ќе биде во Норвешка и ширум југоисточниот дел на Европа, по што повторно ќе настапи малку потопло време.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.