Следи нѐ
To Top

Дождот и натаму го зголемува водостојот на реките

Метеоролозите и за денеска прогнозираат врнежи, особено во западниот дел на Македонија, со што земјава трет ден ќе биде зафатена од дожд, кој веќе предизвика зголемување на водостојот на реките и го отежна сообраќајот на неколку патни правци. 

Според последните информации на Управата за хидрометеоролошки работи водостоите на реките низ земјава остануват високи, локални излевања се можни во горниот дел од сливот на реката Вардар во Полошкиот регион, во сливот на реката Треска околу месноста Пласница, како и на поедини места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна.

реклама

Поплавување на подвозникот во висина од еден метар е регистрирано вчера во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.

Поплавувањето е последица на дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и канализација.

Во Скопје, нивото на реката Вардар на станицата кај Зајчев вчера изнесуваше 168 сантиметри.

УХМР препорачува внимателно следење на состојбата и предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Врнежите вчера беа почести на запад, а преку ноќта во источните делови од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонија пат“.

На магистралниот пат А2 крак Маврово – Стража (два километри пред планинскиот превој) вчера имаше поголем одрон, кој привремено го отежнуваше сообраќајот.

На магистралниот пат А3 Делчево – М.Каменица имаше свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација (15-20м), поради што сообраќајот се одвиваше отежнато.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.