Поврзи се со нас

Популарно.мк

Најмногу дожд во Крушево, нови врнежи од сабота

Вести

Најмногу дожд во Крушево, нови врнежи од сабота

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево, односно 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Куманово, Охрид и Ѓуриште еден литар на метар квадратен.

Дожд врнело и во Берово каде до осум часот наврнале 15 литри на метар квадратен, во Струмица 13 л/м2, во Маврово, Дебар и Лазарополе 6 и во Крива Паланка 2 л/м2.

Утринава во поголемиот дел од земјава се задржа облачно време, а во Мавровскиот регион има врнежи од снег со послаб интензитет. Дува слаб ветер од северозападен правец, особено на повисоките места и планините.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со слаб снег на планините. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 6 до 13 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до осум степени.

И утре ќе биде променливо облачно, ветровито и студено со умерен и на повеќе места засилен северен ветер. На планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.

Утринските температури од утре во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата. Од среда до петок во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневните температури ќе бидат во благ пораст. Нови врнежи од дожд се очекуваат во сабота и недела, но со послаб интензитет.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.