

Минатиот четврток на родниот остров на Ријана, Барбадос, се славеше Денот на независноста, а славната пејачка била специјална гостинка на церемонијата во градот Сент Мишел.
Локалната власт во Барбадос една од главните улици ја именувале токму по славната пејачка со потекло од Барбадос – така што улицата Вестбари њу роуд станала Ријана драјв, пренесе „Пипл“.
29-годишната Ријана, за тој посебен ден облекла краток жолт фустан, во кој ги покажала деколтето и нозете.
Голем број од јавноста повторно во негативен контекст ги коментираше нејзините вишок килограми, но обожавателите, како и секогаш веднаш застанаа во одбрана на Ријана.
На свеченоста Ријана одржала говор во кој уште еднаш нагласи дека е горда на своето потекло и им заблагодарила на граѓаните на поддршката.
Од кабинетот на градоначалникот рекле дека многу се горди на пејачката на која со улицата и оддале почест.