Поврзи се со нас

Популарно.мк

Исчезна професорката Снежана Тројачанец – сопругот бара помош за да ја најде

Вести

Исчезна професорката Снежана Тројачанец – сопругот бара помош за да ја најде

Професорката на Земјоделскиот факултет во Скопје, Снежана Тројачанец (52), утрово во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома.

Според описот на апелот кој ги преплави социјалните мрежи, Тројачанец го напуштила домот во пижами и јакна.

За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец. Од полицијата велат дека трагаат од исчезнатата жена.

– „Ве молам помогнете ми да ја најдам мојата сопруга и мајката на нашите синови, Снежана Тројачанец! Не знам кога излегла од дома, тоа се случило додека спиев, можеби било и во тек на ноќта, не можам со сигурност да кажам, јас забележав дека ја нема утринава кога станав, околу седум часот. Ладно е надвор, се стемнува, итно ни треба помош“, апелира сопругот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.