Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Маркл во креација на Тони Матичевски на насловната на „Ел“

Сцена

Меган Маркл во креација на Тони Матичевски на насловната на „Ел“

Дали ќе се зачудите ако ви кажеме дека Меган Маркл носи облека од македонски креатор?

Секако, и ние би се зачудиле, но тоа е вистина – идната војвотка за потребите на насловната страна на декемвриското издание на францускиот „Ел“ носела креација на познатиот австралиски дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски. Според информациите пренесени во дел од медумите, се работи за бело здолниште од колекцијата пролет 2016 година.

Актерката, претходно за магазинот „Алур“, изјави како медиумите често ја избелуваат, што ѝ пречи бидејќи таа не се срами од своето афроамериканско потекло.

Интересно е тоа што фотографијата е направена дури во 2015 година за едиторијал направен со Меган и првично објавен во 2015 година за „Gritty Pretty Magazine“, а потоа дел се искористени и за јунското издание на мексиканскиот „Венити Фер“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.