Поврзи се со нас

Популарно.мк

Почнува кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“

Вести

Почнува кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“

Одделението за превенција при СВР Скопје, градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта во оваа општина денеска на пладне ќе ја почнат кампањата „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“.

– Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност, информира МВР.

Ќе биде изведена симулација, односно показна вежба за давање помош при повреди предизвикани од злоупотреба на петарди, ракети и други видови пиротехнички средства, во која ќе бидат вклучени екипи на полицијата, Црвениот крст и ученици од три основни училишта во општина Аеродром.

Од учениците од основните училишта ќе бидат изработени графити и цртежи на тема „Петардите не се играчки“, кои ќе бидат изложени пред платото на ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.