Следи нѐ
To Top

Променливо облачно и студено

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток.

Температурата ќе се движи од нула до осум степени.

реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до пет степени.

Од среда до петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

В сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела. На повисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има слаби проврнувања од снег.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.