Поврзи се со нас

Популарно.мк

Фанк сензацијата „The Haggis Horns“ од Велика Британија утре гостува во Скопје

МК Сцена

Фанк сензацијата „The Haggis Horns“ од Велика Британија утре гостува во Скопје

Градска сесија со „The Haggis Horns“, фанк сензацијата од Велика Британија, ќе се одржи в среда, 6 декември, со почеток во 22 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, најави концертната агенција и продукција „3Гонга“.

Овие седум екстравагантни обучени џез музичари во живо звучат и подобро отколку на самите студиски албуми. Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез.

На оваа група докажани музичари и не им е потребна помпезна најава, земајќи предвид дека досега соработувале со музичари како Џамироквај, Џон Леџенд и Д Рутс, Ејми Вајнхаус, Марк Ронсон, Марта Ривс, Рутс Манува, Лу Доналдсон, Адел, Морчиба, Роби Вилијамс, Дјуран Дјуран, Лили Ален…

Тие се во првите редови на фанк сцената во Велика Британија. Од 2004 година, па наваму имаат издадено четири студиски албуми.

Групата ја сочинуваат Кени Хигинс, Малколм Страчан, Роб Мичел, Атол Ренсом, Ерол Ролинс, Џорџ Купер и Бен Баркер.

Билетите се веќе во продажба на „Купи карти за сè“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.