Следи нѐ
To Top

Најстудено во Лазарополе и Маврово

Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Лазарополе, минус 8 степени, по што следат Маврово со минус 7 и Претор и Крушево со минус 6, Охрид со минус 5, Берово, Битола, Пожаране, Дебар и Тополчани со минус 4, Ѓуриште, Виница, Прилеп, Крива Паланка, минус 3 …

Времето денеска ќе биде сончево, а на одредени делови сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе е претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, само на југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Температурата од 4 до 12 степени.

реклама

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне претежно сончево со малку облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до 9 степени.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад од крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела краткотрајно врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи кои понекаде на повисоките места ќе бидат од снег.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.