Следи нѐ
To Top

Приспивните песни важни за меморијата на бебињата

Приспивните песни ги смируваат децата и им помагаат побрзо да заспијат, што за родителите е сосема доволна причина да им ги пеат, меѓутоа на тој начин тие го унапредуваат и помнењето на своето бебе.

Најновото истражување, спроведено во САД покажува дека позитивните искуства и настани им помагаат на бебињата подобро да помнат.

реклама

Научниците веќе подолго време го истражуваат помнењето на бебињата, но ова е прва студија, која го анализирала влијанието на емоциите врз помнењето.

Со оглед на тоа дека бебињата стари неколку месеци не знаат да зборуваат, научниците за потребите на ова истражување ги набљудувале движењата на детските очи и зачестеноста на задржувањето на погледот на одредени глетки.

На бебињата им се пуштани снимки од лица кои им зборуваат со весел, неутрален и лут тон. Веднаш потоа на бебињата им се покажувани фотографии со различни геометриски форми.

За да ја тестираат нивната меморија истражувачите го повториле тестот пет минути подоцна и уште еднаш следниот ден. Меѓутоа во повторениот тест, на бебињата им се покажувани по две фотографии со геометриски форми, една која веќе ја виделе и една нова. Истражувачите при тоа следеле колку пати бебињата погледнале во некоја од фотографиите и колку долго се задржале на неа.

Меморијата на бебињата не била подобрена доколку геометриската форма била поврзана со негативен, односно лут глас, но затоа значително подобро ги помнеле формите кои ги виделе додека слушале пријатен и весел глас.

– Сметаме дека позитивните искуства го подобруваат системот на забележување кај бебињата, изјави професорот Рос Флом, автор на студијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.