Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денес започнува клупската програма на Desonanz 2017

МК Сцена

Денес започнува клупската програма на Desonanz 2017

Во соработка со фестивалот Таксират, вечерва започнува клупската програма на деветтото издание на музичкиот фестивал Desonanz.

Во салата 25 мај во МКЦ, вечерва ќе настапи истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Delta Funktionen од Берлин. Сетовите на Delta Funktionen се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. За загревање на публиката и затворање на вечерта задолжени се локалните диџеи Apostolski (Drop Series) и Mitrik (Room 313).

Утре вечер на малата сцена во Македонската филхармонија, со својот несекојдневен проект Damien Dubrovnik, ќе настапат двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика, Loke Rahbek и Christian Stadsgaard – сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа posh isolation од Копенхаген. Публиката ќе има можност да го проследи и електроакустичниот настап на Vedis, како и ексклузивниот проект на македонските етноџез експериментатори String Forces (во комплетен состав).

По концертот во Македонската филхармонија, следува настапот на маскираниот берлински техно/IDM продуцент Headless Horseman во МКЦ. Headless Horseman е мистична фигура на електронската сцена и највозбудливиот хардверски техно перформанс во моментов на планетата. Овој перформанс е негово деби во Скопје и дел од светската турнеа на неговиот албум и видео проект „Sanctuary“. Локална поддршка се диџеите Maggie (Code XX), Bodan Jamakoski (Audiobahn), Andreas Hz (Broccoli) и Martchin (BTKRSH).

„Десонанз“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.