Следи нѐ
To Top

Пет идеални места за набљудување на поларната светлина (ФОТО)

Кај старите Грци се сретнуваат небесните завеси со волшебни бои, Аристотел зборувал за „овци кои скокаат“, а Галилео Галилеј ја нарекол поларна светлина (Aurora Borealis).

Денес знаеме дека оваа промена на светлината на небото е природна појава предизвикана од соларните бури, кои се појавуваат на високите географски ширини околу Северниот пол од средината на месец октомври до март (или околу Јужниот пол како Aurora Australis). Следуваат неколку зимски дестинации, на кои имате повеќе шанси за уживање во црвено-зеленото лајт шоу на природата.

реклама

1. Свалдбард, Норвешка

Екстремните ловци на поларна светлина ќе се упатат на оваа островска група во Баренцовото Море, кои се состојат од мраз, снег и по некое бестрашно арктичко животно. Островот Свалдбард е најсеверниот дел на Кралството Норвешка и не нуди никакви посебни туристички погодности, но затоа се гордее со проектот Свалбардски глобален магацин на семиња од кој може да се набљудува неверојатна поларна светлина.

2. Фарски острови, Данска

Љубителите на природата и добрата храна се упатуваат на оваа островска данска автономна покраина меѓу Норвешкото Море и северниот Атлантски Океан, кои поради големиот број овци се викаат и Овчи Острови. Како идеално место за проучување на овој природен феномен се наметнува живописниот хотел Форојар во истоимениот град со зелен покрив по кој пасат овците. Кулинарските експерти раскажуват за ресторанот КОКС, кој нуди поегзотични јадења дури и од најдобриот светски ресторани, Нома.

3. Скагафјордур, Исланд

Доколку поларната светлина сакате да ја набљудувате опкружени со недопрена  природа, одберете ја оваа северна исландска покраина опкружена со прекрасни гребени и арктички води. Соба можете да изнајмите на еко фармите во поранешниот викиншки центар Хофстадир и да уживате во природниот лајт шоу од сите делови на регионот. Најспектакуларните сцени ви овозможуваат поглед од планината Тиндастол.

4. Саариселка, Финска

Каква е таа поларна авантура без ноќевање во класично игло? Набљудувањето на поларната светлина низ провидниот покрив на иглото е дел од богата туристичка понуда во селото Саариселк на  крајниот северен дел на Финска. Тука може да ви понудат и други традиционални зимски активности, од скијање и возење санки управувани од ирваси, до опуштање во финските сауни.

5. Фербенкс, Аљаска

Поларната светлина можете да ја набљудувате и од северноамериканкиот континент. Доколку престоувате во Фербенкс барем три дена во зимските месеци ќе имате 80 отсто шанси да ја видите поларната светлина. Ниту најголемите спанковци нема потреба да бидат загрижени, затоа што персоналот од локалниот хотел и пансионот ве будат во кое било време од ноќта, кога ќе ја видат појавата на зелено-црвената светлина на небото. Секако будење можете да нарачате со филџан топол чај или кафе. Тоа е одмор.

Images from around Fairbanks and Mt Aurora Skiland

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.