Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Топла лимонада за подобро здравје

Занимливости

Топла лимонада за подобро здравје

Напитокот од топла вода со лимон има големи здравствени предности и е дел од ајурведската пракса веќе подолго време.

Ајурведската медицина уште во 1977 година е официјално прифатена од Светската здравствена организација, како природен начин на лекување, а во Индија и некои делови на Азија се применува многу одамна.

Топлата вода го стимулира желудникот и работата на цревата, а лимонот го прочистува црниот дроб. Исто така, и помага на желудечната киселина при варење на храната и отстранување на токсините.

Лимонот е извор на витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во превенција и лекување на настинка, додека аскорбинската киселина помага при апсорпција  на железото и го јакне имунитетот.

Лимонадата е природен диуретик, што значи дека помага и овозможува полесно исфрлање на токсините од телото.

Комбинацијата од лимон и топла вода помага за хидрација и зголемување на нивото на кислород во крвта, што овозможува поголема енергија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.