Поврзи се со нас

Популарно.мк

Во Германија продадено село за 140 илјади евра

Занимливости

Во Германија продадено село за 140 илјади евра

Селото Алвине, во германската провинција Бранденбург беше продадено вчера, на аукција во Берлин, за 140.000 евра.

Како што пренесува „Билд” селото го купил анонимен клиент, кој ја дал по телефон единствената понуда за ова место кое се наоѓа во шума..

Во селото со 15 жители, на 16.000 квадратни метри има девет станбени и повеќе помошни објекти, како и десет шупи и гаражи.

Во селото нема продавница, а единствената автобуска линија во близина на околината поминува покрај селото, без запирање.

Во 2001 година, населбата ја купиле двајца браќа, од кои еден починал во меѓувреме.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.