Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Салвадор Собрал, победникот на Евровизија, доби ново срце

Музика

Салвадор Собрал, победникот на Евровизија, доби ново срце

Португалецот Салвадор Собрал кој победи на последното издание на изборот за песна на Евровизија заздравува во болница, после извршената операција трансплантација на срце.

Пејачот објавил дека операцијата поминала добро, а тоа го потврдил и хирургот Мигел Абесасис кој го оперирал.

– „Салвадор беше добро примен. Тој е млад човек кој ги разбира потешкотиите на оваа процедура“, изјави докторот.

Инаку, Салвадор Собрал бил на листата на чекање на донатор на соодветно срце, а во септември оваа година објави дека се повлекува од јавноста и од својата работа.

Светските медиуми порано пишуваа дека на Салвадор му е неопходно срце најдоцна до крајот на оваа гдоина.

Песната со која и се претстави на евровизиската публика, со која и ја донесе првата победана Португалија, ја напишала неговата сестра Луиса.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.