//
Следи нѐ
To Top

Можност за совладување на предизвиците на глобалната и динамична бизнис средина со посебни меѓународни постдипломски студии на Економски факултет – Љубљана во Скопје

Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија (www.ef.uni-lj.si), преку својот Регионален центар во Скопје, овозможува и отвора упис на постдипломски студии (Менаџмент и организација) на Меѓународната бизнис академија (IBA).

Повикот за пријавување на магистерските студиите трае до крајот на јануари 2018 год. Наставата за новата генерација започнува во февруари 2018 год.

реклама

Економски факултет – Љубљана е првиот и моментално единствениот факултет
со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа кој ги има највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

Со овие акредитации факултетот се вбројува во првите 1% бизнис и економски школи во светот. Високо позиционирани професионалци и менаџери од познати компании и банки (Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo -Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово…), имаат напредувано во својата кариера и го имаат надградено својот бизнис и со помош на стекнатото знаење од мастер програмата на Интернационалната бизнис академија (IBA) на Економски факултет – Љубљана во Скопје.

Мастер програмата на IBA, веќе единаесет години се одвива во Скопје и целосно е идентична со студиумот во Љубљана (професорскиот кадар, квалитетот, критериумите и методологијата на наставата, најнова литература и дополнителни материјали, современи реални примери …).

Магистрантите на оваа програма низ изучувањето на високо-стручна теорија и конкретни практични примери и вежби, се здобиваат со повисоко ниво на знаење и вештини за усовршување на своите аналитички и лидерски способности кои што ќе им помогнат да идентификуваат и решаваат комплексни бизнис проблеми во текот на своето работење.

Постдипломските студии се од областа на финансии, маркетинг, човечки ресурси…
На програмата можат да се пријават лица со професионално искуство (менаџери
и претприемачи, извршни директори, амбициозни експерти и консултанти…), како и мотивирани дипломци без работно искуство. Мастер студиумот е наменет за економисти  и неекономисти од сите професии (инженери, правници, фармацевти…)

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si) во Скопје ([email protected];
070 338 570).

„Интернационализацијата ги отвора интелектуалните и културните хоризонти на секоја личност, компанија и општество. Државниот Економски факултет во Љубљана (FELU) е интернационално препознатлива институција за едукација и истражување во областа на економијата и бизнисот“, истакнува деканот на факултетот, проф. д-р Метка Текавчич.

IBA (Master program) на Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија, покрај највреднуваните бизнис акредитации и меѓународно признаени дипломи, нуди и одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: