Следи нѐ
To Top

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за филмската награда Златен глобус, којашто се смета за предвесник околу тоа кои би биле можните добитници на Оскари наредната година во февруари.

За најдобар филм во категоријата драма, номинирани се: „Call Me by Your Name”, „Dunkirk” „The Post”, „The Shape of Water” и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”.

реклама

За најдобра комедија или мјузикл, се номинирани: „The Disaster Artist”, „Get Out”, „The Greatest Showman”, „I, Tonya” и „Lady Bird”.

Во категоријата најдобар актер во драма, ќе се натпреваруваат: Тимоти Чаламет, Даниел Деј Луис, Том Хенкс, Гери Олдман и Дензел Вашингтон, додека пак, за најдобра женска главна улога – Џесика Честејн, Сели Хокинс, Франсес Мекдорманд, Мерил Стрип и Мишел Вилијамс.

За најдобра машка главна улога во комедија или мјузикл, наградата ќе отиде кај Стив Карел, Ансел Елгорт, Џејмс Франко, Хју Џекмен или Даниел Калуја. За најдобра женска улога во истата категорија, се спомнуваат имињата на Џуди Денч, Хелен Мирен, Марго Роби, Срша Ронан и Ема Стоун.

За Златниот глобус за најдобар режисер, ќе се борат Гиљермо дел Торо, Мартин Мекдон, Кристофер Нолан, Ридли Скот или Стивен Спилберг.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 7 јануари наредната 2018.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.