Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Автомобил пловеше во Вардар, пожарникарите го извлекоа кај МНР (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вести

Автомобил пловеше во Вардар, пожарникарите го извлекоа кај МНР (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пожарникарите, по речиси три часа пловење низ водите на реката Вардар, го извлекоа автомобилот кој попладнево падна во реката, кај самиот градски кеј.

Според информации пренесени од дел од порталите, жолтиот „нисан“ бил на актерката Весна Петрушевска, а паднал во Вардар откако таа го паркирала под мостот и отишла на своето работно место во Македонскиот народен театар.

Автомобилот продолил да се движи кон хотелот Холидеј Ин. Како што соопшти МВР, случајот го пријавил граѓанин попладнево во 16:45 часот. Според него, возилото со запалени светла пловело по Вардар од мостот кај булеварот „Гоце Делчев“ кон Камениот мост и застанало кај ГТЦ спроти Телеком.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.

Интервенцијата траела околу еден час.

Од МВР засега не потврдуваат чие е возилото.

ФОТО: ДРАГАН ТАНУРОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.