//
Следи нѐ
To Top

Венко Филипче нов министер за здравство

Неврохирургот Венко Филипче, кој во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев, ќе биде новиот министер за здравство, потврдуваат за МИА извори од Владата.

Со тоа, по двомесечна пауза, ќе се пополни изпразнетото место по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците. Таравари ја напушти функцијата поради учество на локалните избори, на кои беше избран градоначалник на Гостивар.

реклама

Се очекува Владата да го достави предлогот до Собранието заедно со предлозите за останатите испразнети места за министер без ресор и заменик-министер за образование и наука.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: