Следи нѐ
To Top

Науката откри кој ја влече санката на Дедо Мраз

Со оглед на тоа дека главниот ирвас се вика Рудолф, многумина претпоставуваат дека санките на Дедо Мраз, главното средство за дистрибуција на подароците, ги влечат машки ирваси.

Но, тоа не е точно, вели соологот Ендру хебда од музејот Нова Шкотска во Халифакс.

реклама

И мажјаците и женките ирваси имаат рогови и тие се единствен вид елени со таа карактеристика.

Мажјаците во текот на сезоната на парење со своите рогови ја удираат женката и потоа, во текот на есента им отпаѓаат.

– Женките пак, ги задржуваат роговите се до породувањето, што се случува на пролет. Значи, единствени ирваси кои во време на новогодишните и божикните празници имаат рогови – се женките, појасни Хебда.

Откако тоа важно прашање беше разјаснето, сега преостанува само науката да појасни како ирвасите летаат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.