//
Следи нѐ
To Top

Еден приведен по инцидентот меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата на Табановце

Едно лице е приведено во инцидент што се случил на граничниот премин Табановце за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Портпаролот на МВР Тони Јаневски за МИА кажа само дека во инцидентот е приведено едно лице затоа што нападнало полициски службеник.

реклама

Дел од медиумите јавуваат дека дошло до буткање меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата и дека еден од демонстрантите е повреден, а еден приведен.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за уште една злоупотреба на институциите во политички цели и обид насилно да се спречат протестите против политичкиот прогон од страна на хунтата на Зоран Заев, кој изминатиов период незаконски притвораше уметници, режисери, оперски пејачи, пратеници и.т.н прогласувајќи ги без аргументи за терористи.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска од 17 до 18 часот ќе го блокира граничиот премин Табановце кај Куманово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: