Следи нѐ
To Top

ПРВА ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА: Семејството на Кристијано Роналдо го „урна“ Инстаграм (ФОТО)

Девојката на моментално најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо, објави прва заедничка фотографија од целото семејство на социјалната мрежа Инстаграм.

На фотографијата која буквално ја „урна“ социјалната мрежа, за првпат на едно место можат да се видат Кристијано Роналдо, неговата девојка Георгина Родригез која неодамна се породи и на свет ја донесе Алана Мартина, најстариот син Кристијано Јуниор како и близнаците Матео и Ева.

реклама

Хит фотографијата за помалку од 20 часа доби преку 810.000 лајкови. Ова е првата слика од нив шестмина како семејство во претпразнична атмосфера во нивниот дом во Мадрид.

Crear contigo el amor y hacer contigo la vida

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

– „Со тебе на свет донесов живот!“, пишува во описот на Георгина.

Инаку Алана Мартин, која се породи во средината на ноември, е првото бебе на познатиот пар кое не е од сурогат мајка. Роналдо претходно доби три деца од сурогат мајки, од кои најстариот син Кристијано Јуниор има 6 години, а близнаците Ева и Матео се родени летоска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.