//
Следи нѐ
To Top

365 Challenge: Microsoft со предизвик за зголемување на продуктивноста во образованието

Microsoft го оствари следниот чекор кон целосна дигитализација на образовниот систем овозможувајќи нов степен ефикасност.

Со бројните алатки од Office 365 како Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms се отвораат вратите на зголемена продуктивност која може да се воспостави во модерното општество.

реклама

Целта на секоја функционалност на алатките на Microsoft е да се подобри наставниот систем со примената на иновативни пристапи во образованието во Република Македонија. Можностите кои Microsoft ги нуди остваруваат совршена синергија помеѓу забавниот начин на изучување на предметите. Со користењето на Microsoft алатките, наставниците во средните и основните училишта за пократко време можат да ги подготват своите програми и да го пренесат потребното знаење на учениците.

За да се претстават придобивките од користењето на алатките на Microsoft, се отвора повик до наставниците од основите и средните училишта во Република Македонија да ги претстават своите искуства како проект или презентација до Microsoft. Истите треба да се однесуваат на Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms и да се испратат на оценување.

10 пријавени ќе влезат во финалниот круг врз основа на оценките од 3 члена комисија која ќе ги утврди врз основа на 3 сегменти како зголемување на продуктивноста на наставниците со користење на алатките, иновативниот пристап во користењето на истите и нивниот начин на примена. Финалистите ќе ги претстават своите искуства во форма на презентација или проект на ревијален настан на кој ќе им бидат доделени свечени награди.

Microsoft ги повикува заинтересираните да ги поднесат своите презентации на следниов линк.

Истите треба да се поднесат до вторник, 26.12.2017, до 13.00 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: