Следи нѐ
To Top

Најстудено и најмногу снег утрово во Маврово

Најстудено утрово е во Маврово со седум степени под нулата. Минусни температури се измерени и во Крушево (-5), Претор, Охрид, Дебар и Битола (-3), во Тетово, Берово, Прилеп, Виница и Пожаране се измерени минус два, а еден степен под нулата во Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани.

Нула утрово е измерена во Струмица, еден степен во Скопје (мерна станица Петровец), два степена во Куманово, четири во Скопје, Демир Капија, Дојран и Штип и највисока температура од шест степени – во Гевгелија.

реклама

Во Маврово има и најмногу снег, девет сантиметри, во Крушево два, и по еден сантиметар снежна покривка во Берово и Крива Паланка.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека преку ноќта и изутринава времето во Македонија беше променливо облачно со умерен ветер, а долж Повардарието дуваше засилен северен ветер. На повисоките планини, како и во Крива Паланка, има проврнување на слаб снег.

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој  долж Повардарието ќе зсилува.

Максималната температура во земјава се очекува да достигне од 3 до 12 степена. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до околу 8 степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Во вторник и в среда по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе има мала до умерена облачност.

Во четврток и петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.