Следи нѐ
To Top

ИСТРАЖУВАЊЕ: На предновогодишните забави со колегите од работа, неретко се завршува в кревет

На предновогодишните забави со колегите од работа, неретко се завршува в кревет со некој/а од нив, покажува ново истражување на шведската компанија за секс-играчки, ЛЕЛО.

Според резултатите, 40 отсто од луѓето имале секс со колега или колешка. Од нив, 83 отсто би го повториле тоа.

реклама

– Иако анкетата ни пружа факти, па дури и хумор, зборувајќи за забавите на фирмоте, загрижувачки е фактот што луѓето не користат заштита при сексот. Употребата на кондом е најважната работа во борбата против половите заболувања и несакана бременост, нагласува Стив Томсон, извршниот директор на компанијата.

Како „најпалави” се покажале вработените во продажбата, а по нив се здравствените и транспортните работници и службениците во логистиката.

Над половина, односно 52 отсто од оние кои го прифатиле предизвикот, ја објаснуваат својата авантура како резултат од неодоливата привлечност кон колегата, додека пак, 31 отсто од нив „немаат објаснување“ за тоа.

Занимлив е податокот дека 97 отсто од луѓето кои имале секс со колега или колешка, велат дека единствената негативна последица од актот е срамот во канцеларија утредента. Но, и тоа е минливо.

Само пет отсто признаваат дека играта започнала токму на забавата, што значи дека голем број „излети“ всушност биле планирани.

Изненадувачко е и тоа што само 18 отсто испитаници рекле дека тоа го сториле со надредената личност.

Што се однесува до хороскопот, најсклони кон ваков вид авантури се Девиците и Јарците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијадекември 25, 2017
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијадекември 25, 2017
  • Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

    Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности...

    Информативна Редакцијадекември 25, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.