Следи нѐ
To Top

„Исчезна“ Џулијан Асанж

Твитер налогот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж синоќа исчезна, а корисниците на социјалната мрежа се збунети и се прашуваат што се случило.

Неколкумина корисници оценуваат дека Асанж го избришал Твитер налогот, а некои претпоставуваат дека компанијата Твитер го суспендирала.

реклама

Налогот @JulianAssange не постои, а причината за сега е непозната, а неименуван извор близок до Викиликс изјави дека не е запознаен со плановите на Асанж да го деактивира својот Твитер.

Од друга страна мали се шансите Твитер да го суспендирал налогот на Асанж, бидејќи тој не спаѓа во поединците чии налози ги деактивира социјалната мрежа.

Твитер на 18 декември постави нови правила за суспензија на налози, според кои ќе биде отстрането секое лице поврзано со групи кои поттикнуваат омраза.

Во исто време, корисниците на социјалните мрежи изразија загриженоста за безбедноста на Асанж, бидејќи неговиот налог исчезна само неколку денови по наводната кражба во канцеларијата на Викиликс во Мадрид.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.