Следи нѐ
To Top

Најстудено во Битола, Скопје Петровец и Берово

Најниска температура изутрина во 7 часот во Македонија е измерена во Битола минус шест, по што следат со минус пет Скопје Петровец и Берово, Демир Капија, Тетово, Куманово и Струмица со минус четири,  Скопје Зајчев Рид и Гевгелија, со минус три, Претор, Крива Паланка, Дебар, Прилеп и Штип со минус два, Лазарополе минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Маврово е измерена снежна покривка од три сантиметри.

реклама

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопската котлина сончево со слаба магла и заматеност на атмосферата, преку денот со мала до умерена облачност. Температура до 10 степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло преку денот. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини наутро со појава на магла.

УХМР најавува дека под влијание на влажен бран во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а само на високите планини со снег. Претпладне, врнежи ќе има главно на западот, а околу пладне и до крајот на денот тие ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па до крајот на денот слаб снег ќе има и на некои повисоки места во земјава. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и постудено време.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.