Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од „All I Want for Christmas Is You”, Мараја Кери заработила 51 милион евра

Музика

Од „All I Want for Christmas Is You”, Мараја Кери заработила 51 милион евра

Музичкиот евергин „All I Want for Christmas Is You” од Мараја Кери, е една од најпознатите божиќни песни во поновата историја, и таа досега на пејачката и донесе вкупна заработка од 51 милион евра.

Според списанието „Економист“, овој хит од 1994 година, е најслушана празнична песна на сите времиња.

На музичката платформа Спотифај, „All I Want for Christmas Is You” се наоѓа на врвот на листата од 13 најпопуларни божиќни песни. До крајот на ноември годинава, таа е преслушана над 210 милиони пати. Неофицијално, најмногу во периодот на божиќните и новогодишните празници.

Песната е број еден и на топ 15 листата рок-божиќни хитови во Велика Британија, на списанието „Ролинг Стоун“.

Една од занимливостите вели дека текстот Мараја го напишала за само 15 минути. Песната се најде на првиот нејзин божиќен албум „Merry Christmas”, објавен на 1 ноември 1994 година.

Пејачката пред 12 години издаде и книга за деца, со насловот од песната, којашто се продала во тираж од 750.000 примероци.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.