Следи нѐ
To Top

НОВОГОДИШЕН ХОРОСКОП: Што прават хороскопските знаци на новогодишната ноќ?

Погледнете го овој луд хороскоп за да видите како би се однесувал секој хороскопски знак во оваа ситуација…

Прочитајте навреме!

реклама

Овен

Овенот најпрво би направил листа на желби каде што ќе напише сѐ што сака. Потоа би измешал топло чоколадо со алкохол и би им се смеел на останатите хороскопски знаци кои работат, или пак би земал да работи сѐ самиот, затоа што Овенот секогаш знае најдобро.

Бик

Бикот би трчал кон храната. Што и да е на масата, Бикот нема да се двоуми да проба. Доколку останатите личности се бунтуваат поради ова, тогаш тој ќе почне да јаде скришно, а доколку ова не му успее, ќе ги изеде декоративните колачи од елката.

Близнаци

Близнаците би отишле на шопинг, надевајќи се дека би пронашле подароци за сите останати знаци. Со оглед на тоа дека Близнаците се брзи и нестрпливи, тие би купувале многу брзо, а голема е веројатноста дека меѓу купените работи ќе има и погрешни кои никому не му се потребни. Постои веројатност дека Близнаците ќе одат на шопинг само за да ја почувствуваат возбудата на хаосот која е присутна кога се во прашање попустите во трговските центри.

Рак

За Ракот, семејството е на прво место. Тој ќе ужива со најблиските и ќе гледа да им помогне за сѐ, од декорирање на храната, па сè до оние работи кои дури не ни знае да ги направи – тој ќе се обиде да ги нареди работите на свое место.

Лав

Лавот ќе готви. Тој ќе ги подготвува највкусните јадења, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на сите членови. Тој ќе очекува сите да му даваат комплименти за неговите кулинарски способности, затоа што едноставно станува збор за Лав.

Девица

Девицата најверојатно е задолжена за декорациите. Таа ќе се потруди декорациите да бидат, како и самата таа, совршени. Нејзиното опсесивно компулсивно нарушување ќе дојде до израз. Но, навистина просторот ќе изгледа фантастично, затоа што нема да биде испуштен ниту еден детаљ.

Терезија

Вагата целото време ќе го помине во размислување на кој што да му подари, а сите подароци да бидат со иста вредност. Вагата ќе се обиде да погоди или да ги праша останатите знаци кој што сака како подарок, а потоа ќе се обиде да ги усогласи нивните желби со цената.

Скорпија

Скорпијата наликува на Близнаците, односно сака да оди на шопинг токму поради попустите, но нема да отиде таму затоа што веќе владее хаос, туку токму таа ќе биде онаа која ќе го предизвика хаосот, а потоа ќе се преправа дека не е виновна. Така се забавуваат Скорпиите.

Стрелец

Тој ќе направи најголема забава за празниците. Ќе ги повика буквално сите луѓе. За таа забава најверојатно ќе зборуваат сите, на што Лавот ќе стане многу љубоморен. Следната година дефинитивно Лавот ќе биде оној кој ќе организира забава.

Јарец

Тој ќе направи сѐ за да пронајде подароци за останатите знаци. Нема да оди во шопинг центрите, затоа што му смета целиот хаос, па речиси сѐ ќе нарача преку Интернет, но рационално, затоа што станува збор за Јарец.

Водолија

Водолиите се многу чудни. Тие нема да пеат популарни песни, туку некои нивни измислени. Тие сакаат слобода во сѐ, па дури и во пеењето. Ќе се забавуваат и шегуваат додека останатите знаци работат, но секако атмосферата во куќата ќе ја направат одлична.

Риби

Рибите сите пари ќе ги потрошат на онлајн шопинг, за да пронајдат совршен подарок за секого. Тие се многу добри и дарежливи, па нема да ја гледаат цената, само да ги задоволат другите. Кога другите се среќни – среќни се и Рибите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.