//
Следи нѐ
To Top

Во 2017 година се случиле најмалку авионски несреќи

Минатата 2017 ќе биде забележана како најсигурна година за патниците во авиосообраќајот во историјата воопшто, објави Мрежата за безбедност во авиосообраќајот со седиште во Холандија.

До неделата, на 31 декември, забележани се вкупно девет смртоносни авионски несреќи во коишто загинале 67 лица – 32 патници и 35 луѓе на земја. За споредба во 2016 година имаше 16 несреќи со 103 смртни случаи.

реклама

Освен тоа, на последниот ден од 2017 година е поставен и рекорд од 398 дена без ниедна несреќа на патнички авион и 792 дена без несреќа во која имало најмалку 100 жртви.

– Од 1997. просечниот број авионесреќи бележи стабилен и доследен пад, најмногу благодарение на безбедносната работа на меѓународните воздухопловни агенции како ИЦАО, ИАТА, Фондацијата за безбедност при летови и воздухопловната индустрија, оценува претседателот на Мрежата, Харо Рантер.

Во 2017. се случиле пет несреќи на товарни и четири на патнички авиони.

– Ако го земеме предвид светскиот воздушен сообраќај од околу 36,8 милиони летови, размерот е еден смртен случај на 9,2 милиони летови, нагласи Рантер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајануари 2, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајануари 2, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајануари 2, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: