Следи нѐ
To Top

Од вечер дожд и снег

Кон крајот на денов и утре во утринските часови ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови, каде се очекува да се формира нова снежна покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, од петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

реклама

Според најавата од УХРМ, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, каде и ќе се засилува. Кон крајот на денот кон четврток облачноста ќе се зголемува особено во западните делови на земјава. Максималната температира ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.