//
Следи нѐ
To Top

Ново правило за влез во најголемиот мавзолеј во светот

Откако пет лица беа повредени во стампедо во Таџ Махал, властите одлучија да го ограничат бројот на посетители, кои дневно може да го посетат најпознатиот мавзолеј во светот.

Несрќата се случи на 28 декември пред крајот на работното време, поради што организацијата  што управува со мавзолејот соопшти дека во Таџ Махал дневно можат да влезат само 30.000 луѓе.

реклама

– Мораме да ја гарантираме безбедноста на споменикот и посетителите. Раководењето на Таџ Махал стана голем предизвик за нас, посочи организација.

Група чувари во 2011 година предупредуваа дека мавзолејот во следните пет години може да се урне бидејќи уште во 2010 година почнале да се појавуваат пукнотини, а дрвениот под еродирал. Други беа загрижени поради ефектот на кисели дождови врз фасадата на мавзолејот, предузвикани од фабриките во близина.

Таџ Махал е изграден помеѓу 1631 и 1654 година, а го градеа 22.000 луѓе. Шах Џенан наредил изградба на мавзолејот за својата омилена жена Арџуманд Бано Бегум.

Таџ Махал се смета за врвно дело на могулската архитектура, комбинација од елементи на персиски, индиски и исламски архитектонски стилови.

Таџ Махал годишно го посетуваат осум милиони луѓе.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајануари 5, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајануари 5, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајануари 5, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: