Следи нѐ
To Top

Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Берово и Петровец

Утринава најмногу снег, четири сантиметри има во Лазарополе, а најстудено е во Берово и Петровец каде се измерени минус четири степени Целзиусови. Времето е ведро и студено, во североисточниот дел од земјата со слаб ветер од променлив правец.

Снежна покривка од два сантиметри има и во Маврово, а минималните температури се движат од минус три степени во Струмица, Демир Капија и Тетово, минус два во Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Гевгелија, минус еден во Крива Паланка и Лазрополе, во Охрид, Маврово и Претор се измерени нула степени, во Пожаране и Виница еден степен, а во Крушево, Ѓуриште, Тополчани и Дојран два степена Целзиусови.

реклама

Во текот на денешниот ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен југоусточен ветер. Максималната температура ќе се движи од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до девет степени.

Во наредните денови ќе следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка. Од утре ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.