Следи нѐ
To Top

Обичаи за Бадник и Божик и нивното значење

На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав.

Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на него се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.

реклама

Паричка

Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.

Јаглен

Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.

Бршлен

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијајануари 6, 2018
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијајануари 6, 2018
  • Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

    Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности...

    Информативна Редакцијајануари 6, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.