Следи нѐ
To Top

Две лица повредени при пожарот во Кулата Трамп во Њујорк (ВИДЕО)

Две лица се повредени, од кои едниот посериозно во пожарот што денеска изби Кулата Трамп. Огнот е изгаснат за еден час, јавија американските медиуми.

Во инцидентот полесно е повреден еден пожарникар, додека вториот повреден е во животна опасност. Тој е вработен во една од компаниите, чие седиште се наоѓа во Кулата Трамп.

реклама

– Станува збор за мал пожар предизвикан од дефект во електричната инсталација, изјави синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерик.

Пожар изби на еден од последните катови на Кулата Трамп во Њујорк. За време на инцидентот американскиот претседател Доналд Трамп беше во Вашингтон.

Огнот го гасенаа 84 пожарникари, со 26 противпожарни возила, а дел од пожарникарите беа и на кровот на кулата.

И противпожарната бригада на Њујорк претходно соопшти дека „малио пожар“ на Кулата Трамп најверојатно е предизвикан од дефект на инсталацијата.

Седиштето на бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е облакодер од 58 катови во центарот на Менхетн, каде се наоѓа и домот на семејството Трамп. Покрај луксузни станови во Кулата Трамп во Њујорк голем број компании имаат свои седишта.

Првата дама на САД, Меланија и најмладиот син на Трамп, Барон, живееја во Кулата Трамп првите неколку месеци од претседателскиот мандат, се додека не се преселија во Белата куќа.

Во Кулата  се наоѓаше и изборниот штаб на Трамп за време на претседателските избори.

Во Кулата Трамп станови или цели катови имаат и познатите ѕвезди, како Брус Вилис, бизнисменот Хуан Бекман Видал, сопственик на текилата „Хосе Куерво“, но и саудискиот принц Мутаиб бин Авудлазиз Ал Сауд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.