//
Следи нѐ
To Top

Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија.

Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со подршка на новиот спонзор, Македонски Телеком.

реклама

Партнерството беше официјализирано на прес конференција на која присустваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Андреас Елснер, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов и селекторот на Ракометната федерација, г-дин Раул Гонзалес.

„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно – Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство и им посакувам многу понатамошни победи“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари (повеќе информации на www.telekombus.com).
Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.

Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12 репрезентации.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: