Следи нѐ
To Top

Воздухот во Скопје доволно чист – укинати вонредните мерки и бесплатниот превоз во ЈСП

Од утре престануваат да важат мерките воведени поради зголеменото загадување на воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Министерството соопштуваат дека податоците од мерењето на загадувањето на воздухот вчера покажале дека штетните честици се под дефинираниот праг за алармирање, па затоа од утре, четврток, 11.01.2018 година, мерките престануваат да важат.

реклама

Мерките беа активирани на 8 јануари откако два дена последователно имаше големо загадување на воздухот во Скопје.

Една од мерките беше бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници, која беше веднаш укината.

„Почитувани патници,Ве известуваме дека мерките за бесплатен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ПРЕСТАНУВА од овој момент(16,00 часот) 10.01.2018. Ви благодариме за разбирањето“, пишува во соопштението на ЈСП објавено на вебсајтот на претпријатието.

Патници кои се наоѓале во автобусите во 16 часот знаејќи дека превозот е бесплатен, на социјалните мрежи споделуваат непријатни искуства.

„Бесплатен автобуски превоз, се качуваш во автобус, се возиш некои 15 минути, одеднаш возачот застанува на семафор и вика ‘Ми стигна порака, од овој момент натака превозот се наплаќа, куцајте картичките“, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

И од Градот Скопје во соопштение претходно известија дека бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз се укинува одутре, четврток 11 јануари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.